Сите дојави за бомби во училиштата се лажни

Од:

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека полицијата ги завршила сите контроли и проверки по добиените дојави за поставени бомби во училиштата и констатирано е дека во сите случаи станува збор за лажни пријави.

-Припадниците на Министерството за внатрешни работи во текот на денов ги завршија сите потребни контроли и проверки по однос на мноштвото електронски дојави за наводно поставени експлозивни направи во многу основни и средни училишта во државава, при што е констатирано дека во сите случаи станува збор за лажни пријави, наведува МВР.

Министерството информира дека по пријавите со закани што утрово училиштата ги добиле по електронски пат, бил формиран и оперативен штаб и ангажирани сите надлежни и стручни полициски служби заради „ефикасно, планско и координирано делување“.

-Министерството уште еднаш апелира до граѓаните за избегнување секакви дезинформации и шпекулации по однос на оваа појава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 770 училишта во Британија добија закани за поставени бомби

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно насилство на територија на државата

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата