Сите денешни дојави за поставени бомби во училиштата се лажни

Од:

Сите приајви за поставени бомби во училиштата со Скопје се лажни информира Министерството за внатрешни работи.

-Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави се наведува во соопштението од МВР.

Веднаш по добиените пријави, сите објекти беа испразнети, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Дојави за поставени бомби денеска добија 15 училишта во главниот град.

Би можело да ве интересира

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

Горан Наумовски

Дојави за бомби во неколку основни и средни училишта во Белград

Горан Наумовски

Серија од анонимни закани за поставени бомби во Србија