СИРИЗА за изјавата на Мицкоски: Го осудуваме новото провокативно прекршување на Договорот од Преспа

Од:

СИРИЗА категорично го осудува новото провокативно прекршување на Договорот од Преспа од претседателот на ВМРО, господинот Христијан Мицкоски и го повикуваме конечно да се усогласи со меѓународното право, соопштија вечерва од грчката опозициска партија.

Во соопштението за денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од СИРИЗА велат дека „сакаат да го потсетат на принципот на меѓународното право „pacta sunt servanda“ (договорите се обврзувачки и треба да се почитуваат), како и на предвидените санкции што произлегуваат од меѓународното право при континуираното прекршување на Договорот од Преспа“.

Потсетуваат и дека Договорот е предуслов за членство на Северна Македонија во Европската Унија и паралелно упатуваат апел, но и критики до актуелната грчка Влада.

-Ја повикуваме Владата на Мицотакис да ги преземе потребните активности како што е предвидено со Договорот од Преспа и веднаш да го интернационализира прашањето со што новото раководство на Северна Македонија ќе се соочи со своите одговорности пред меѓународната заедница во случај да продолжи да го прекршува Договорот, пишува во соопштението од СИРИЗА.

Велат дека и Владата на Нова Демократија сноси одговорности поради „нејзината неодговорна надворешна политика“, бидејќи, како што посочуваат не направила ништо во одредени области како што се ратификација на меморандумите и свикување на Високиот совет за соработка, но и „не изврши притисок за да гарантира дека Северна Македонија ќе ги спроведе своите обврски за учебниците, трговските марки, пасошите и регистарските таблици“.

-Единствено што направи во изминатите години беше да избегне каква било активна вмешаност со Договорот за да ја одржи внатрепартиската рамнотежа. Навистина е жално што Договорот што го постигнаа прогресивните сили во Грција и Северна Македонија, кој е споменик на соработка и разбирање за цела Југоисточна Европа, се доведува во сомнеж од двете сестрински партии во ЕПП, со цел да ги привлечат националистичките публики, тактика која со текот на времето ја хранеше омразата меѓу балканските народи, соопштуваат од СИРИЗА.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Буџетот ќе ни биде предизвик наредните две години, но сигурен сум ќе го надминеме

Мицкоски: Ние сме „фронт-ранери“ во реформската агенда, Албанија и Црна Гора не одат пред нас

Следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година, најави Мицкоски

Горан Наумовски

Мицкоски: Правиме сè за да нема зголемување на цената на струјата и на парното

Горан Наумовски

Мицкоски: Ниту едно дете не смее да биде заборавено, ниту еден детски сон не смее да биде однапред изгубен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Зошто се молчи за влезот на Алта и Мацура и во осигурувањето – кој ќе одговара?

Горан Наумовски