Синовите на браќата Мијалкови повикани на распит во станица – претепале момче во скопско кафуле

Од:

Помладиот син на ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков и синот на Влатко Мијалков, поранешниот директор на Царинската управа, се на распит во полициска станица во Кисела Вода, откако било пријавено дека во група со уште тројца, вчеравечер претепале 19-годишно момче во скопско кафуле.

„На 27.03.2021 во 00.30 часот во Полициска станица Центар, И.С.(19) од Скопје пријавил дека на 26.03.2021 околу 21.45 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Ж.К., А.М., М.К., Ф.М., С.Р. и И.С.. Лицата се повикани во полициска станица и известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Според неофицијални информации, тепачката прво започнала во кафулето, а продолжила надвор на улицата, во скопско Дебар Маало.

Повреденото момче прво било пренесено во болница, за да му се санираат повредите, а потоа, половина час по полноќ, момчето го пријавило случајот во полициска станица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жестока тепачка во клиника во Приштина: Скандалозна снимка, хирурзите се скараа, па се испотепаа

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

Тепачка меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата во турскиот Парламент

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пратениците се степаа за време на церемонијата на положување заклетва во турскиот парламент

Горан Наумовски

Шестмина повредени во инцидент во Белград, малолетник се бори за живот

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово