Јас не сум овластено лице кое дава одобрение за престој во Собранието на Република Македонија, ниту пак на кој било друг орган на државната управа“, истакнува во изјава за МИА Синиша Алексоски, советник за национална безбедност на претседателот на Република Македонија, кого српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ го посочи како лице кое му дало одбрение да биде во македонскиот Парламент за време на насилствата на 27 април годинава.
– Сметам дека тоа го направил за преку мене да обезбеди алиби и да го оправда неовластеното и непрофесионално негово однесување, спротивно на законите во Република Македонија. Сакам да истакнам дека јас не ја знам причината за неговиот престој во Собранието“, нагласува Алексовски во интервјуто за МИА.
Дали и кога имавте контакт со г. Живаљевиќ вечерта на 27 април? Пред, за време или по настаните во Собранието?
– Во 20:23 часот на 27 април почна комуникацијата, кога добив порака со прашање од него со содржина: „вонредна состојба?“. Не одговорив. Во 20:37 часот примив уште една порака, овој пат со фотографија од него во собраниската сала, на што одговорив со прашање преку порака: „што правиш таму?“. Оваа фотографија до сега не е објавена во јавноста.
Сметам дека тоа го направил за преку мене да обезбеди алиби и да го оправда неовластеното и непрофесионално негово однесување, спротивно на законите во Република Македонија. Сакам да истакнам дека јас не ја знам причината за неговиот престој во Собранието.
Но, тој посочува дека ве известил за негово дејствување во Собранието?
– Јас не сум овластено лице кое дава одобрение за престој во Собранието на Република Македонија, ниту пак на кој било друг орган на државната управа. Напротив, и јас кога одам во Собранието, тоа го правам со уредна најава и одобрение од овластено лице. И јас прашувам: кој и кога го упатил во Собранието, какви дејствија преземал и дали воопшто побарал писмена или усмена дозвола од овластено лице и надлежен државен орган?
За што разговаравте со Живаљевиќ таа вечер? Дали и кога го известивте Кабинетот на Претседателот за ова?
– Не разговаравме. Како што претходно посочив, тој ми упати текстуална порака, пропратена со фотографија, дека бил во собраниската сала, на што му возвратив: „што правиш таму?“. За пораките, се разбира, веднаш известив и поднесов извештаи согласно безбедносните протоколи.
Дали има пракса за таква комуникација на советникот за национална безбедност на Претседателот?
– Описот на моите работни задачи е да комуницирам со дипломатскиот персонал во амбасадите, кои се надлежни за безбедносни прашања и соработка со службите, почитувајќи ги протоколите со задолжително известување кон претпоставените