Синдикатот на УПОЗ реагира на кратењето на платите за време на штрајк

Од:

Синдикатот на УПОЗ денеска оцени дека кратењето на платите на вработените во судската администрација за време на штрајк без да добијат поединечни решенија со право на жалба е противуставно и противзаконско.

– Наредбата не е и не може да биде над Законот и Уставот, а новата пресметка на платите не може да биде завршена до 08.07.2016 година, кога во предвид ќе се земе дека голем број вработени во судовите во месец јуни го користеа и стариот годишен одмор, а некои беа на боледување, се наведува во соопштението од УПОЗ.

Оттаму посочуваат дека заедно со Здружението на судска администрација за ова ќе го известат Народниот правобранител, а ќе побараат и заштита од Државниот инспекторат за труд.

Според Синдикатот, ваквата постапка е со цел да се скрши отпорот на штрајкувачите и да прекине штрајкот.

Би можело да ве интересира

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Деановски: Продолжува протестот, 988 вработени немаат земено декемвриска плата

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

Платите на 70 отсто од вработените во Министерство за култура се под просечната, велат од Синдикатот плата во РСМ

УПОЗ и одговори на Владата: Сте не измешале со некој друг синдикат

Катерина Ѓуровски

Синдикатот на вработените во Министерството за европски прашања демантира дека е дел од протестот на УПОЗ

Катерина Ѓуровски