Синдикатот на УПОЗ бара повисоки плати и враќање на додатоците на плата за вработените во судовите

Од:

Пред Основниот граѓански суд Скопје на предупредувачки протест излезе Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судската администрација. Беа поддржани и од вработени во судовите кои претходно протестираа пред Основниот кривичен суд Скопје организирани од Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) и Независен синдикат на судска служба.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Дејановски изјави дека ги бараат додатоците на плата кои престанале да се исплаќаат откако Уставниот суд донесе одлука за 78 отсто да се зголемат платите на судиите, обвинителите и на останатите функционери.

Посочи дека иако во Законот за судска служба и Законот за јавнообвинителска служба вработените имаат право на додатоци на плата за висок ризик, за доверливост и за посебни работни услови, тие не се исплаќаат ни во судовите, ни во обвинителствата, како што рече „од единствена причина за да се исплатат платите на судиите и на обвинителите“.

-Со години наназад предупредуваме и велиме само една работа – не ги зголемувајте платите на судиите и обвинителите без да ги зголемите платите на вработените. Со години наназад штрајкуваме и протестираме во судовите и обвинителствата и со години наназад не нѐ разбираат. Не може за едни мајка, а за други маќеа. Трпението на овие луѓе е при крај. Веќе ги немаме ни додатоците што ги имавме. Ова е предупредување и доколку во најбрз рок не се реши проблемот за платите и за додатоците овие луѓе и колегите од државната управа се спремни да престанат со работа од септември, изјави Дејановски.

Борче Мирчевски, претседател на Здружението на судска администрација, рече дека протестот е револт поради незголемување на платите и неисплаќање на додатоците.

-Судската администрација е незадоволна од тоа што платите се зголемуваат само на функционерите. Не сме задоволни од тоа што Судскиот буџетски совет донесе одлука со која ги укина додатоците на плата за судската администрација. Посебно сакам да изразам незадоволство до последната одлука на Судскиот буџетски совет со која побара од Министерството за финансии да се пренаменат средства од 5 отсто за додатоци за судската служба, рече Мирчевски.

Посочи дека според Правилник е утврдено правото на судската служба за додатоци за ризик при работа, прекувремена работа и за доверливост и дека секоја од трите категории носи посебни проценти кои заедно се 35 отсто.

Праша што од овие услови судските службеници не исполниле за Судскиот буџетски совет да донесе одлука за само 5 отсто. Мирчевски додаде и дека не се откажуваат од барањата и дека ќе ги продолжат протестите.

Би можело да ве интересира

Синдикат на УПОЗ: На повидок суспендирање на колективните договори

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

Уставен суд реагира на наводите изнесени од претседателот на Синдикатот на УПОЗ

УПОЗ ги повика Кацарска и Бесими да најдат решение за платите за вработените во Финансии

Деаноски: Доколку Уставниот суд одлучи да се запре надополнувањето на платите за 30 отсто на вработените во МФ, постои опасност од затворање на трезорот

Членови на УПОЗ на протест за времената мерка со која им се запре исплатата на зголемувањето за 30 отсто на платите

Катерина Ѓуровски