Синдикатот на полицијата со барања до новиот министер Оливер Спасовски

Од:

Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) веднаш по изборот на новата Влада испрати барања до новиот министер за внатрешни работи Оливер Сапсовски.

Од него бараат преиспитување на решенијата за прераспределба на полициските службеници подалеку од местото на живеење и одземање на полициските овластувања без основ. Бараат и враќање на институтот „Потреба на Министерството“, кој како што велат, во изминатиот период бил злоупотребен од правната служба на МВР.

– Бараме вистински реформи на Правната служба во МВР и одговорност на истата поради фактот што таа служба воопшто во пракса не го спроведува ЗВР, КД и Правилникот за систем на кариера во МВР и заради нивното несовесно работење, МВР како Министерство по основ изгубени тужби исплаќа огромна сума на пари, се вели во денешното соопштение од овој синдикат.

Во првите 100 дена од Владата бараат да им се исплатат ветените 10 проценти зголемување на платата и еднократен надомест како награда во борбата против корона вирусот. Бараат да продолжи да се почитува и правото по основ на „бонус плата“, во следните месеци да се укинат одредбите од Законот за внатрешни работи со кој може до три години да се продолжи работниот век за да не се оди во пензија, како и во најбрз рок да се донесе правилник за нова систематизација во МВР.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи