Синдикатот на контрола на летање: Имаме право на штрајк

Од:

Со овој допис ССКЛ категорично демантира дека во било кој исказ, изјава или писмена форма, од било кој член на ССКЛ, вклучувајќи го и претседателот на ССКЛ, е изнесено признание дека штрајкот најавен од страна на ССКЛ за ден 20.10.2025 година — кој беше забранет како наводно незаконит од страна на Основниот граѓански суд Скопје — е незаконит, ниту пак дека сме свесни оти постапуваме надвор од закон, стои во демантот од ССКЛ.

Наводите на М-НАВ АД Скопје дека „претседателот на ССКЛ, Тасевски, признал дека штрајкот што го најавил е незаконски“ се целосно невистинити и имаат за цел да го дефокусираат јавниот дискурс од реалниот проблем кој постои уште од 2023 година, а кој сегашниот менаџмент нема капацитет да го надмине. Со овие дезинформации, М-НАВ АД Скопје свесно ја манипулира јавноста, со цел да се наруши угледот на претседателот Александар Тасевски и на ССКЛ – синдикат кој доследно и единствено се спротивставува на секој обид, внатрешен или надворешен, што има за цел да ја поткопа професионалноста на компанијата.

Почитувани,

– Не е вистина дека ССКЛ нема право на штрајк. За истиот овој штрајк, во 2024 година, целата јавност беше сведок дека претставници на тогашната Влада и на надлежните министерства јавно ја изразија својата поддршка за истите барања што важат и денес. Како може тогаш штрајкот да бил легитимен, а денес не? – Не е вистина дека не е завршена постапката во фазата на помирување. – Не е вистина дека ССКЛ има политички цели или позадини.

Како и досега, ќе продолжиме да ја докажуваме вистината и пред медиумите и пред институциите. ССКЛ ќе ја обжали одлуката на Граѓанскиот суд за времената мерка за забрана на штрајкот, и ќе побара предметот да биде вратен на рочиште, за да ја изложиме нашата одбрана и аргументи пред надлежниот суд.

Би можело да ве интересира

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Горан Наумовски

Тасевски: Синдикатот на контролорите на летање има право и овластување да организира штрајк

Забраната за штрајк е законска, лидерот на синдикатот се одмазудва, вели адвокатот на М-НАВ

Контролорите на летање нема да штрајкуваат, ќе се жалат на времената мерка од судот

Судот им забрани на контролорите на летање да штрајкуваат

Катерина Ѓуровски