Синдикатот на ДИЦ го става штрајкот во мирување

Од:

Синдикатот на Државниот испитен центар со пишано соопштение и пораки до матурантите и до министетрот за образование и наука објави дека го става штрајкот во мирување.

– Насилните мерки и притисоци на министерот Шаќири со обид да внесе надворешни лица во процесот на државната матура – процес кој е со висок степен на тајност, ќе ја доведе во прашање валидноста на тестирањето и резултатите од матурата.
Вработените во Државниот испитен центар, како експерти во областа и лица со висок интегритет и чувство за општествена одговорност, одлучија да ја одложат борбата за своите права за достоинствен живот во корист на вашата иднина.
Со ова известување штрајкот се става во мирување!, наведува СОДИЦ во пораката до матураните.

Во пораката до министерот за образование и наука Јетон Шаќири, пак, подвелекуваат дека сите негови досегашни обиди за решенија на проблемот, а со тоа и ветувањата кои им ги дале на матурантите во медиумите се спротивни на одредбите на Правилникот за процедури за тајноста на подготовката, печатењето, дистрибуцијата, чувањето и оценувањето на испитниот материјал, донесен од министер за образование и наука од 31.3.2014 година.

– Со Вашиот обид да реализирате матура без вклученост на вработените на ДИЦ, Вие ќе бевте тој што ќе ги оштетеше матурантите!, му порачува Синдикатот на Државниот испитен центар на министерот Шаќири.

Синдикатот на ДИЦ го почна штрајкот на 25 април со барања за поголеми плати за 29-те вработени и согласност за нивниот колективен договор. Синдикатот ги стопираше сите процеси за кои е надлежен ДИЦ, меѓу кои и полагањето на државната матура која треба да почне на 27 мај.

Би можело да ве интересира

Државен испитен центар не може да ја проверува вибер-групата, ќе контролира дали има тестови со идентични одговори

Катерина Ѓуровски

Вработените во Државен испитен центар го прекинаа штрајкот

Продолжува штрајкот во Државниот испитен центар

Катерина Ѓуровски

Продолжува штрајкот на синдикатот на ДИЦ, нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници

Државниот испитен центар го повторно го активира штрајкот

Синдикат на ДИЦ: Од првата државна матура се бориме таа да се полага во големи простори или со блокатори, но досега не сме добиле дозвола