Синдикат на УПОЗ: Претставувањето на Миќев како член на Синдикатот е кривично дело

Од:

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани УПОЗ денеска соопшти дека Игор Миќев е поранешен член на овој Синдикат и оти секое негово претставување како дел од УПОЗ претставува кривично дело.

– Миќев поради повреди на Статутот на Синдикатот е исклучен од членство со одлука која е потврдена од страна на органите и телата на Синдикатот. Секое негово јавно појавување и претставување како член на Синдикатот или претседател на синдикална организација претставува кривично дело и затоа против него ќе бидат поведени соодветни постапки, се вели во соопштението од УПОЗ.

Би можело да ве интересира

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Деановски: По речиси две години преговори, барањата на синдикатот се прифатени

Горан Наумовски

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски

Синдикатот на УПОЗ бара исплата на ноемвриската плата и заостанатите додатоци за вработените во судовите