Синдикат на УПОЗ: Од понеделник во судовите нема да се издаваат апостили

Од:

Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженија на граѓани и Здружението на судската администрација, кои штрајкуваат  седми ден, денеска порачаа дека преговорите  со надлежните од судската власт треба да почнат што поскоро. Поради, како што соопштуваат, игнорантскиот однос кон нивните барања, најавуваат дека од понеделник ќе го радикализираат штрајкот.

Преку штрајкот судската администрација бара исплата на додатоци на плата во висина од 35 проценти исто како што тоа е предвидено кај судиите, јавните обвинители и службениците во јавните обвинителства.

До Министерството за правда и Судскиот буџетски совет, како што најавија претходно, вчера доставиле Предлог – спогодба, која, според нив, може да биде основa за решавање на нивното барање, но, соопштуваат, игнорантскиот однос и понатаму продолжува.

– Надлежните од судската власт треба да сфатат дека преговорите треба да почнат што поскоро, веднаш, а не утре, бидејќи секој ден е значаен, државата и граѓаните трпат огромни штети. Нивниот игнорантски однос уште повеќе ги револтира вработените и ги поттикнува да го радикализираат штрајкот. Затоа од понеделник во судовите нема да се издаваат апостили, а од вторник скопските судови ќе протестираат пред Министерството за правда за да ги потсетат надлежните дека во тек е штрајк и оти барањата на Синдикатот што побрзо треба да се прифатат, се вели во соопштението од Синдикатот на УПОЗ.

Информираат и дека со претставка се обратиле до Народниот правобранител на Македонија и укажале на, како што наведуваат, дискриминацијата и повредата на правата на судските службеници.

Би можело да ве интересира

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Деановски: Продолжува протестот, 988 вработени немаат земено декемвриска плата

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

Платите на 70 отсто од вработените во Министерство за култура се под просечната, велат од Синдикатот плата во РСМ

УПОЗ и одговори на Владата: Сте не измешале со некој друг синдикат

Катерина Ѓуровски

Синдикатот на вработените во Министерството за европски прашања демантира дека е дел од протестот на УПОЗ

Катерина Ѓуровски