Синдикат на УПОЗ и ЗСА најавија помош штрајкувачите

Од:

Синдикатот на вработените од управата, правосудсните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судската администрација (ЗСА) соопштија дека поради намалените плати за јуни на учесниците во штрајкот во изминатите два месеца од понеделник ќе поднесат кривични пријави за претседателите на судовите, кои издале наредба за намалување.

Во најскоро време, информираат, и штрајкувачите ќе поднесат поединечни граѓански тужби за надомест на разликата во исплатените плати, а за нив ќе биде формиран и солидарен фонд.
– Бидејќи во текот на вчерашниот ден беше реализирана наредбата на претседателите на судовите, кои со закани и притисоци врз сметководителите и благајниците на судовите ги принудија на незаконски начин да пресметаат плати за јуни со казни од 40 проценти за штрајкувачите, Синдикатот на УПОЗ и ЗСА сметаат дека со ваквите постапки егзекуторите извршија злодело врз своите вработени со кои треба и понатаму да работат и да соработуваат, се вели во соопштението од Синдикатот на УПОЗ и ЗСА.

Во солидарниот фонд за штрајкувачите, информираат, ќе може да донираат сите добронамерни граѓани, организации, установи, невладини организации, здруженија на граѓани, синдикати и правни лица.

Би можело да ве интересира

Деаноски: Ако не се постигне договор, не се исклучуваат штрајкови и тужби

Деановски: Продолжува протестот, 988 вработени немаат земено декемвриска плата

Протестите се малициозни и политички мотивирани, нова реакција од Владата на протестите на УПОЗ

Платите на 70 отсто од вработените во Министерство за култура се под просечната, велат од Синдикатот плата во РСМ

УПОЗ и одговори на Владата: Сте не измешале со некој друг синдикат

Катерина Ѓуровски

Синдикатот на вработените во Министерството за европски прашања демантира дека е дел од протестот на УПОЗ

Катерина Ѓуровски