А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Синдикалци: Митровски се обидува да ја спаси својата кожа од сторените криминали

by А1он10/01/2017 - 13:05204
Share0

Живко Митревски продолжува со своите лаги и измислици за состојбите и случувањата во Сојузот на синдикатите на Македонија и шири лажни обвинувања за четирите сидикати кои неосновано, нестатутарно и незаконски ги исклучи од ССМ, велат синдикалците во писмено соопштение.

Добивај вести на вибер

Од таму велат дека Митревски продолжува со нападите врз претседателите и раководствата на четирите синдикати кои се исклучени од ССМ со единствена намера да ја заштити својата кожа од криминалите кои според нив ги има направено.

„За сите овие изнесени невистини процесуирани се соодветни кривични пријави, за кои бараме веднаш да се започнат постапките, за што побрзо да се разоткрие вистината. На Прес конференцијата што ја одржа вчера се виде кои гранските синдикати го поддржуваат, бидејќи го придружуваа три нелегитимни претседатели, каков што впрочем е и тој самиот. Претставникот на Македонскиот полициски синдикат е со завршена функција и тој е технички претставник без легитимно право да зборува во својство на претседател. Претставникот на Синдикатот на одбраната со фалсификувано решение и заведен спор по тој прекршок, бессрамно се претставува за претседател на Синдикатот на одбраната и безбедноста. Разрешениот секретар на ССМ и претставник на Синдикатот за сообраќај и врски го загуби спорот пред Управниот суд за неговата претседателска фукција во тој синдикат. Ваквите состојби и спорови во овие синдикати се резултат на директното влијание и упадите на Живко Митревски“, велат синдикалците.

„Четирите грански синдикати СИЕР, УПОЗ, Агро Синдикат и СУТКОЗ се решени да ја продолжат борбата низ институциите бидејќи се уверени дека аргументите и правото се целосно на нивна страна. Затоа во текот на утрешниот ден ќе побараат прием кај министрите во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за внатрешни работи за да добијат одговор како е поништено решението за именување на Дарко Димовски односно кој издаде наредба полицијата да влезе во зградата на ССМ и да не дозволува да влезат вработените во синдикатите.

Воедно, ја информираме јавноста, членови на синдикатите и граѓаните дека Работничкиот дом од вчера повеќе не е дом на работниците, туку дом на криминалот и злоупотребите. Денес во него не влегуваат работници, туку само платениците кои го штитат Живко Митревски од сопстените членови, а на вработените на синдикатите СИЕР, УПОЗ, АГРО и СУТКОЗ не им дозволуваат влез во сопствената куќа“, стои во соопштението на синдикатите.

ssm

Би можело да ве интересира

ССМ најави протест на 14 март: Една третина од работниците со плата под 30.000 денари

Горан Наумовски06/03/2026 - 14:58

Трендафилов демонстративно ја напушти седницата на ЕСС

Горан Наумовски02/03/2026 - 14:1302/03/2026 - 14:16

Синдикатите ја блокираа Владата, ќе чекаат до крај на месецов на договор за платите потоа ќе одат на генерален штајк

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 13:1717/02/2026 - 13:51

Синдикатите денеска ја блокираат Владата

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 08:04

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Работниците двојно повеќе продуктивни отколку што се платени

А1он14/02/2026 - 11:4514/02/2026 - 11:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен