А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Симовски: Попис на населението во 2020 година

by А1он22/03/2018 - 19:20302
Share0

Пописот на населението се планира да се одржи во 2020 година и ќе се користи комбиниран метод што подразбира истовремено спроведување на терен преку интервју лице в лице и користење податоци од базите на податоци кои веќе постојат во државата.

Добивај вести на вибер

Ова го вели директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за БИРН.

Тој тврди дека нема да прифати никакви притисоци, особено не политички, бидејќи смета дека пописот не треба да даде слика само за етничката состојба во една држава, туку опфаќа многу сегменти од кои можат да се согледаат развојот, стагнацијата или уназадувањето на едно општество.

– Во 2019 година ќе имаме претседателски, а во 2021 година парламентарни избори, па решивме дека најдобро е пописот да се спроведе во 2020 година, кога нема да има поголеми политички турбуленции, истакнува Симовски, додавајќи дека во 2019 година би се спровел пробен попис на мали територијални делови од државата, со цел да се тестира како би течел процесот.

Пописот би чинел 8,5 милиони евра и според првиот човек на Државниот завод за статистика полето за „етничка припадност“ воопшто и не треба да биде дел од пописниот материјал, како што е случајот во многу други држави.

– Од статистичка гледна точка, етничката припадност и вероисповедта не играат никаква улога, бидејќи тоа се менливи категории и јас ќе се залагам овие две работи да не бидат дел од претстојниот пропис, туку единствено делот за мајчиниот јазик на лицата кои ќе бидат попишувани. Јазикот што се зборува во семејството е задолжителна категорија и таа секако ќе ја регистрираме. Јазикот, пред сѐ, е потребен заради планирање на образованието, вели Симовски.

За неуспешниот попис од 2011 година, Симовски посочува дека доколку не се прекинел, би се добила нереална бројка од околу три милиони жители.

– Тоа беше политички попис, се формираше Државна пописна комисија, која беше политичко тело, а која согласно донесениот Закон требаше да го спроведе Пописот, додека ние како Завод за статистика практично бевме само даватели на услуги на таа комисија. За разлика од тогаш, сега ние ќе ја водиме работата, ние ќе бидеме тие што ќе го спроведат пописот, согласно Законот за државна статистика, истакнува Симовски.

Според него, дел од пописот треба да бидат и лицата кои не живеат во земјава, за да се добие слика за бројот на иселеници.

– Моите очекувања се дека на пописот што следува ќе добиеме слика за населението што нема да ни се допадне. Ќе откриеме дека имаме големо иселување од државата, што е реалност која мора да ја прифатиме, вели Симовски.

popis

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

Горан Наумовски03/07/2025 - 18:25

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Горан Наумовски02/07/2025 - 14:18

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

Горан Наумовски02/07/2025 - 13:39

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Катерина Ѓуровски30/06/2025 - 12:28

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Горан Наумовски28/06/2025 - 13:46

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски29/10/2024 - 12:4629/10/2024 - 12:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен