Симовски апелира законот за попис да се донесе што поскоро

Од:

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска изрази надеж дека политичките партии и пратениците ќе најдат разбирање и време к да се посветат на што поскоро донесување на законот за спроведување на пописот, бидејќи оваа операција, како што вели, е од исклучително значење за државата и за сите граѓани.

– Ова е исклучително важна операција за целата држава и за сите граѓани во неа, така што се надевам дека парламентарците ќе најдат разбирање и време да се посветат на ова прашање и законот да се донесе што е можно побрзо. Се разбира нема пропаѓање, затоа што може да има само одложување на пописот, рече Симовски, одговарајќи на новинарско прашање дали е можно пописот кој се планираше да се одржи во април следната година да пропадне, со оглед на тоа што се уште нема договор за законот.

Дефинитивно, вели директорот на ДЗС, пописот ни е нужно потребен и мора да го спороведеме.

– Дали тоа ќе биде во април или нешто подоцна не знам, но ќе мора да го спроведеме. Се надевам дека ќе има попис во најскоро време, зашто тоа е нешто што е во интерес на сите граѓани на државата, а не во интерес на било која политика опција во Парламентот, рече Симовски одговаракќи на прашањс по промоцијата на Првиот национален извештај за родов индекс.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Претходната влада донесе одлука да ја избрише методологијата на пописот

ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Пописот не смее да биде политичка тема, потребна ни е вистинска бројка, вели премиерот Мицкоски

ВРЕДИ: Бришењето на дијаспората од пописот е тешко предавство, ДУИ не може да се крие зад молкот

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија го поддржува предлогот на премиерот Мицкоски за електронски попис на населението

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски