Симболично одбележување на Денот на АРМ

Од:

Поради трагичните настани со поплавите во скопско, само симболично ќе се одбележи Денот на АРМ.
Според програмата, предвидено е полагање на венци со свежо цвеќе од страна на делегации од МО и ГШ на АРМ на на партизанските гробишта, пред гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, на починатиот претседател Киро Глигоров, на гробот на генерал Михајло Апостолски, како и пред спомен обележјето на загинатите бранители од 2001 година на платото пред главниот влез на МО и ГШ на АРМ.

Покрај тоа, во касарната „Илинден“, Скопје, во 19:30 ќе се реализира почесна артилериска средба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на АРМ.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски