Силва и Вархеи во посета на Софија и Скопје

Од:

Португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва, во името на Претседателството со Советот на Европската Унија, и комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеи, денеска ќе ги посетат Бугарија и Северна Македонија за да разговараат со властите на двете земји на теми поврзани со процесот на проширување на ЕУ.

Претпладнево во Софија, тие ќе се сретнат со претседателот Румен Радев, како и со премиерот и со министерот за надворешни работи во новата влада, а попладне во Скопје со претседателот Стево Пендаровски, како и со премиерот Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на владата и со министерот за надворешни работи, стои во најавата од Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Премиерот Зоран Заев завчера од Брисел најави дека се подготвува ваква посета во пресрет на одлучувачкиот Совет за општи работи на ЕУ на 22 јуни кога ќе се одлучува за усвојување на преговарачката рамка и првата меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Северна Македонија, со што би започнале и формално преговорите за членство во ЕУ година и половина откако беа одобрени.

Заев за МИА изјави дека смета оти има доволно време да се постигне напредок на релација Скопје-Софија, но дека не сака ниту да ги зголемува очекувањата на граѓаните бидејќи Бугарија и натаму располага со право за вето во Советот на ЕУ.

Доколку земјите членки на ЕУ постигнат согласност до 22 јуни за Северна Македонија и доколку преговарачката рамка ја задоволува и македонската страна, првата меѓувладина конференција би можела да се одржи помеѓу 22 и 30 јуни годинава.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини