Силно невреме во Преспа, паднати дрвја оштетија куќа и автомобил

Од:

Силно невреме со силен дожд и ветер го зафати Преспанскиот регион, информираат од Центарот за управување со кризи.

Како што додаваат од таму, погодени се селото и автокампот Крани, како и Претор и Наколец.

„Од невремето има паднати дрвја, бандери и во прекин е електричната енергија. Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите и нема повредени“, се наведува во соопштението.

Од невремето зафатени се и селата Долно Дупени, Сливница и Љубојно.

Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетени куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот селски пат.

Од Центарот за управување со кризи напоменуваат дека повеќе преспански села – Долно Дупени, Крани, Сливница, Претор, Љубојно и Наколец се без електрична енергија.

На терен се испратени припадници на итните служби кои работат на расчистување на патиштата.

Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека вечерва времето насекаде е облачно со врнежи од дожд, кои во Гевгелија и Битола се проследени со појава на грмежи.

Поинтензивни процеси биле регистрирани во југозападниот дел од земјата, поточно над Охридско и Преспанско Езеро.

Би можело да ве интересира

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Снежно невреме во Романија, над 11.000 домаќинства останаа без струја

А1он

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Силно невреме со град ја погоди Словенија