Силно невреме предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија во југозападна Македонија

Од:

Големо невреме проследено со обилни врнежи од дожд и снег предизвикаа прекини во снабдувањето со електрична енергија во југозападниот дел на Македонија. Без напојување се дел од населените места во планинските региони во охридско, струшко, во кичевско, гостиварско, во Ресен и околните села, во реканскиот крај, во марвровскиот регион и неколку планински села во тетовскиот регион.

Екипите на ЕВН Македонија во текот на вчерашниот ден ги санираа дефектите во повеќе населени места освен онаму каде што имаше проблеми со пристапот поради големи наноси од снег и одрони на патот.

Од утринава екипите се постојано на терен и како ги санираат дефектите, така населените места се пуштаат под напон. ЕВН ги активираше сите расположливи ресурси, човечки и материјални, со цел побрзо справување со дефектите од невремето. Зимските возила, моторните санки и целата опрема е во служба на екипите за пробивање на најкритичните и непристапни места.

ЕВН Македонија е во постојана координација со другите енергетски компании кои го сочинуваат енергетскиот систем во земјава, со цел надминување на сите проблеми кои ги предизвика невремето.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 15.08.2025 изнесува 73,22 евра за мегават час, на МЕМО 83,07 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 08.08.2025 изнесува 77,96 евра за мегават час, на МЕМО 71,63 евра за мегават час

„Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Горан Наумовски

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 95,91 евра за мегават час, на МЕМО 86,07 евра за мегават час