ВИДЕО: Силно невреме со град го погоди Скопје

Од:

Невреме проследено со дожд, силен ветер, град и грмотевици го зафати скопското подрачје.

Од УХМР информираат дека ветерот достигнува повремено брзина и над 80 киломери на час.

По силното невреме, водата предизвикува проблем по улиците и паркинзите низ Скопје, поради големите количини на дожд кои паднаа.

Нестабилното време се движи од запад кон исток и на север. Во поладневните часови ќе се преместуваат кон исток. Попладне процесите ќе бидат поинтензивни и локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.

До среда условите за нестабилност ќе има претежно во западните делови, но тие ќе бидат намалени. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Утре ќе биде малку посвежо, а потоа до среда дневните температури ќе бидат во пораст. Од четврток повторно ќе биде посвежо.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош