Силниот ветер во Куманов урна столб со семафори, патокази и бандери

Од:

Силниот ветер во Куманово вчера урна столб со семафори и патоказни табли на крстосницата меѓу булеварот „Октомвриска револуција“ и улицата „Ѓорче Петров“.
Според првичните информации предизвикана е материјална штета на автомобил во движење.

– Веднаш излезени се надлежни општинските служби и преземни се неопходни мерки за отстранување на столбот од коловозната лента, изјави денеска секретарот на општина Куманово, Валентина Алексовска.

РЦУК информира дека силниот ветер турнал бандера од нисконапонска мрежа, која паднала врз придружен објект со селото Свиланце. Екипи на „Македонија пат“ и на ЕВН преземале мерки за санирање на последиците. Ветерот турнал и дрво и бандера во атарот на село Челопек, каде се излезени екипи за санарање на последиците.

Општинскиот штаб за кризи, како што информира Алексовска, синоќа одржа, седница на која донел заклучоци, меѓу кои се продолжување на расчистување на критичните точки на реките и поставување насипи.

– Определени се и дежурни екипи кои ќе интервенираат во случај на можно излевање на реките и определени се местата за евентуална евакуација на граѓаните.

Би можело да ве интересира

84-годишен кумановец е осомничен за убиство на 61-годишна жена

Четиригодишно дете во Куманово се затру откако испи повеќе таблети

Горан Наумовски

Две жени се нападнати од нивните сопрузи во кумановско

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Кандидатката за градоначалник на Куманово од „Искуство за успех“ вети три клучни проекти за развој на Куманово

Стоиљковиќ: „Братска листа“ во Куманово ја сочинуваат луѓе со интегритет, познати лица и професионалци