Протестот на СОНК пред Министерството за образование започна во пет минути до 12 и траеше само десет минути.
Оние кои и покрај огромните притисоци решија да дојдат објаснија дека изминатиот ден и претходната недела додека се подготвуваше протетстот, доаѓале закани и уцени од директорите на основните училишта.
Професорите објаснија дека директорите телефонски и преку електронска пошта ги известувале да не го поддржат протестот на СОНК кој го иницираа тројцата професори од Штип кои веќе дваесет дена протестираат со глад. Дел од професорите кои одлучија да зборуваат пред камера објаснија дека притисоците доаѓале од сите страни.
Голем дел од автобуските превозници одлучиле да не му дадат на СОНК автобуси на изнајмување, па затоа некои од професорите дошле на протест со редовен автобуски превоз. Оние колеги кои останале дома и не го поддржале протестот подлегнале на притисоците, а профеосрите кои протестираа велат дека допрва ќе видат кои ќе бидат консенквенците по нив зошто го поддржале протестот.
Хелсиншкиот комитет остро го осуди потегот на полицијата да ги легитимира професорите кои влегле во автобусите но и оние кои воопшто не пристигнале во Скопје.