Силна порака од Франција: Демократијата не може да биде празен збор

Од:

Силна порака за актуелната власт во Македонија упати владејачката Социјалистичка партија на Франција: демократијата не може да биде празен збор.

Пораката доаѓа по средбата на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со првиот секретар на Социјалистичката партија, Жан Кристоф Камбаделис, во рамки на нејзината посета на Франција.

Социјалистичката партија на Франција ги акцентираше демократските неуспеси со кои се соочува Република Македонија од доаѓањето на актуелната власт.

Француските социјалисти изрази загриженост од пречките на демократијата и ставањето во прашање на правната држава во Република Македонија.

Загрижувачките оценки и конкретните забелешки се вметнати и во официјалното соопштение на Социјалистичката партија на Франција по средбата.

„Демократските неуспеси со кои се соочува Македонија од доаѓањето на власт на актуелниот премиер, Никола Груевски, се вознемирувачки во повеќе насоки: ограничување на слободата на медиумите, владината контрола над медиумите, заплашувањата, притисок врз правдата, пропаганда врз јавното мислење“ стои во соопштението.

Ословувајќи ја земјава со уставното име Република Македонија француските Социјалисти констатираат дека опозицијата е оневозможена целосно да ја врши својата улога наведуваат дека демократските вредности се темелот на ЕУ.
„Почитувањето на правната држава и демократијата се во срцето на нашите демократски вредности и темелот на ЕУ, пред која Република Македонија има поднесено барање за прием. Тие се барања за народите и државите, со што се обврзани без исклучок.“ – се додава во соопштението на СПФ.
Во рамки на посетата на Франција, Шекеринска оствари работна средба и со претседателот на групата за пријателство со Македонија во францускиот Парламент, Филип Рулон, како и со пратениците Филип Кордери и Пјер Ив Леборњ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни