Силна поддршка за враќањето на правдата и демократијата во Македонија од социјалистите и демократи во ЕП

Од:

Пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) Лидија Димова во Брисел учествуваше на дебатата организирана од Европските социјалисти и демократи од Европскиот Парламент, на тема за надворешна политика на ЕП, соопшти денеска СДСМ.

Димова, стои во соопштението, се сретнала со повеќе европски парламентарци, меѓу кои со британскиот пратеник Ричард Ховит, како и со Јорген Сил, на кои се разговарало за актуелните политички случувања во Република Македонија.

– Ховит и Сил, изразија загриженост за политичките случувања и побараа аболицијата од Ѓорге Иванов да биде целосно поништена. Силна поддршка и непречена работа на Специјалното јавно обвинителство мора да биде обезбедено.

– Европратениците од групата Европски социјалисти и демократи, дадоа поддршка на граѓаните кои секојдневно протестираат за враќањето на слободата и демократијата во Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски