(ВИДЕО) Сиљановска за шарените: Невозможно е да бидеш со власта и да бидеш револуционер

Од:

Невозможно е да бидеш со власта и да бидеш револуционер, изјави кандидатката за претседател, Гордана Сиљановска-Давкова, по средбата со „Левица“, одговарајќи на новинарско прашање во врска со повикот на шарените револуционери за соочување со нив.

„По три години постреволуционерен молк, повторно се појави шарена револуција. Знам што е револуција и не верувам дека пратеници, советници, членови на управни одбори и носители на огромни проекти имаат легитимитет да се претставуваат како шарена револуција. Нивните ставови се исти како на мојот противкандидат, па мислам дека тој ги артикулира овие ставови. Ако сакате да бидете револуционер, сметам дека треба да бидете на пристојно растојание од власта. И оваа листа од луѓе што ја видов не сметам дека е репрезентативна за некој што се нарекува револуционер“, рече Сиљановска-Давкова.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија