Силјановска: Убедена сум дека во јуни нема да добиеме датум за преговори

Од:

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова на денешната посета во Виница рече дека е уверена дека државата во јуни нема да го добие датумот за преговори или „повторно ќе добие формулации од типот на уште нешто да се исполни и да се реализира“.

„Далеку од тоа дека јас не сакам мојата и вашата земја Македонија да ги добие преговорите, впрочем 9 пати добивавме позитивен извештај и од Европскиот Парламент и од Европската Комисија само што Советот велеше дека не е дојдено времето за преговори. Мислам дека и овој пат до тоа нема да дојде, не само затоа што ЕУ и самата си има домашни задачи и проблеми особено по Брегзит, туку и затоа што на дневен ред ќе дојде анализата на исполнетоста неисполнетоста на критериумите за почеток на преговорите. А тие критериуми оваа држава и оваа власт не ги исполнува. Единствената реформа која што ја направи е болната промена на името на Република Македонија“, вели Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова нагласи дека таа лично се залага за владеењето на правото, правна држава, и почитување на човековите права, истакнувајќи дека во моментот во државата нема судски реформи бидејќи на чело на Советот кој што треба да се носат судски реформи се наоѓа Зоран Заев, а самиот тој бил предмет на истрага, односно како што рече таа ова е непознат феномен во судството кое треба да е целосно независно од извршната влада.

„Како ќе има судски реформи ако на чело на советот за судски реформи стои премиерот? Нели е тоа директен упад во независноста на судството. Во тоа тело треба да седат врвни правници, судии, адвокати,  но не и премиерот на владата. Особено што и самиот беше предмет на истрага“, вели таа.

Силјановска Давкова рече дека една од првите мерки што ќе ги спроведе доколку стане претседател е откажување од привилегиите што ги имале претходните претседатели, бидејќи во сиромашна држава претседателот на државата треба да живее, сочувствува и да ги разбира граѓаните.

Би можело да ве интересира

Средба на Сиљановска-Давкова со Фон дер Лајен

Сиљановска-Давкова: Словачка е еден од нашите најверни и најпосветени долгогодишни поддржувачи на европската интеграција

Претседателката по повод 11. Октомври: Исправени сме пред нови предизвици, од нас се бара зрелост, мудрост и храброст

А1он

Сиљановска-Давкова: Верувам во добрите намери и посветеноста на Хрватска и Словенија за забрзано чекорење на регионот кон ЕУ

А1он

Сиљановска – Давкова: Во Драч се разговара за европската интеграција и регионалната безбедност

Бугарија се справува со последиците од катастрофалните поплави, Радев се заблагодари за понудената помош од Македонија

Катерина Ѓуровски