(ВИДЕО) Силјановска: Талески нема кредибилитет да бара трет мандат

Од:

„И после 8 години владеење на Талески и ДПМНЕ и потрошени 200 милиони евра народни пари, денес пред избори повторно го слушаме она нивно историско – ќе изградиме – ќе направиме.

– Па зарем малку им беа 8 години, за барем да го реконструираа старскиот дом? Ако беа домаќини и ако вистински ги сакаа старите лица, со 200 милиони евра досега ќе изградеа нов. Ветуваа реконструкција и изградба на детски градинки, а постоечките не ги ни бојадисаа. Многу деца пораснаа, на училиште тргнаа – градинка не видоа. И денес во Битола над 150 деца се на листа на чекање, а децата од руралните средини се оставени на милост и немилост, да се снаоѓаат како знаат и умеат.

– Со ваква – не одговорна власт – градинка нема ни да видат. Се ветуваше отворање на советувалиште за первенција од дрога и алкохол за учениците. И овој проект после 8 години остана само празно слово на хартија, а дрогата и алкохолот, за жал – од ден на ден, земаат се поголем замав.

– Токму поради овие, кои се само дел од нереализираните ветувања на Талески – тој повеќе нема кредибилитет да бара трет мандат, бидејќи премногу ќе биде ако уште 4 години си игра и ги расфрла народните пари“, изјави на денешната пресконференција Јулијана Силјановска, кандидат за советник во Битола, од Сојузот за иднината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија