ВИДЕО: Сиљановска се сретна со Апасиев, очекува поддршка од „Левица“

Од:

Доаѓа крајот на политичките глумци на Балканот, на импровизаторите, потребен е радикален пресврт, тоа значи поразличен ков на политичари, луѓе спремни на жртви и спремни да го вложат своето знаење.

Ова се темите околу кои разговаравме и се согласивме на заедничката средба со Димитар Апасиев од „Левица“, изјави кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска-Давкова.

Во однос на потребниот цензус во вториот круг, Сиљановска рече дека очекува да биде постигнат бидејќи сите страни сметаат дека бојкотот на изборите е лоша опција и додаде дека, сепак, треба да се следат препораките на Венецијанската комисија во насока на тоа дека нема потреба од цензус во втор круг.

Од „Левица“ порачаа дека имаат точки кои ги поврзуваат како Преспанскиот договор.

Апасиев најави дека до предизборниот молк ќе одлучат во органите на партијата дали отворено ќе дадат поддршка за Сиљановска или ќе останат на антибојкот позиција.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија