Сиљановска – Фон дер Лајен: Клучот за нашиот развој е во интеграција согласно Копенхагенските критериуми и принципот на заслуги

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска оствaри средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

На средбата беа разменети мислења и информации за евроинтеграцискиот процес на земјава и перспективите за напредок, имплементацијата на реформите и придобивките од Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан информираа од Кабинетот на Сиљановска.

– Заблагодарувајќи се за нејзиниот личен ангажман и заложби во однос на проширувањето, претседателката Сиљановска Давкова посочи дека Планот за раст е важен механизам со голем потенцијал, кој ќе ги забрза реформите, ќе придонесе за стандардизација, економскиот раст и напредок и ќе ја приближи земјата до Европската Унија.

Претседателката истакна дека македонските институции во повеќе области се подготвени за забрзана интеграција и вклучување во повеќе иницијативи и мрежи на ЕУ и изрази очекување дека процесот на интеграција ќе се спроведе врз основа на принципот на заслуги и Копенхагенските критериуми, пoтенцирајќи дека во нив е клучот за нашиот развој.

Посочувајќи ја важноста од одржување на кредибилитетот на Европската Унија во однос на политиката на проширувањето, претседателката ја истакна потребата од засилена поддршка од страна на европските институции со цел надминување на билатералните предизвици и забрзување на евроинтеграциите.

Претседателката изрази подготвеност за натамошно продолжување на дијалогот и ја истакна важноста новиот пристап на постепена, фазна интеграција да продолжи паралелно со процесот на пристапување.

Во контекст на регионалните случувања, претседателката Сиљановска Давкова посочила дека напредокот постигнат од секоја земја-кандидат од Западен Балкан позитивно влијае на регионалната динамика на пристапување во ЕУ и ги истакна своите заложби за натамошно унапредување на севкупната регионална соработка во интерес на заедничката стабилност, безбедност и просперитет, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Сиљановска-Давкова по повод 2 Август – Илинден: Каква Република ќе им оставиме на нашите деца и внуци?

А1он

Сиљановска Давкова: Дојде време економското партнерство со Индија да го достигне квалитетот на политичките односи

Претседателката Сиљановска-Давкова ја пречека претседателката на Индија, Друпади Мурму

Фон дер Лајен подготвува забрана за социјалните мрежи за младите во ЕУ

А1он