Силјановска: ДПМНЕ не исполнија ништо од тоа што ветија

Од:

Во изминатите 10 години, ВМРО-ДПМНЕ и Антонио Милошоски ја добиваа довербата на граѓаните во Битола и регионот. Ама сега е јасно на кој начин: со уцени, закани и криминал.
А ја добиваа, можеби и поради многуте ветувања, за кои после 10 години владеење, слободно може да се каже дека беа лажни, рече Јулијана Силјановска, СДСМ Битола.

Антонио Милошоски и по 10 години повторно доаѓа со старите лажни ветувања.

Неговите лаѓи бесрамно ги поддржуваше осомничениот за тежок криминал – Градоначалникот Владимир Талески – кој е главен виновник за пустошењето на Битола.

Ветуваа топлификација и гасификација на Општина Битола.

Наместо тоа, фрлија милиони евра народни пари за мермер, лавови, врби и лаѓи кои не пловат во Скопје, додека битолчани продолжуваат да се гушат во загаден воздух.

Ветуваа реконструкција на детското одморалиште Пелистер.

Не само што не го реновираа, туку му ставија катанец и го оставија на милост и немилост на забот на времето.
Ветуваа изградба на опожарениот планинарски дом Копанки.
За жал, таму и денес остана руина и тажна слика. Измислуваа безброј лаги за да гласаат против амандманите кои ги поднесувавме во Собранието на Р. Македонија за одвојување на буџетски средства за реновирање на ова култно место за битолчани.
Почитувани граѓани, после победата на СДСМ на 11-ти декември, наши приоритети ќе бидат:
Гасификација на Битола – за почист воздух за граѓаните
Реновирање на детското одморалиште Пелистер и негово повторно ставање во функција за децата од регионот и од цела Македонија, како докажана воздушна бања
Изградба на култниот планинарски дом Копанки по европски стандарди за кој веќе имаме комплетно подготвен елаборат.
После 11-ти Декември, новата влада предводена од СДСМ има план за решавање на вистинските проблеми на граѓаните, за подобар и подостапен живот, план за живот во Македонија.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“