Сиљановска-Давкова: Убедена сум дека ако не се разбираме едни со други и ако не си помагаме, не можеме да очекуваме да бидеме разбрани од останатите

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, денеска го посети манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија и положи цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ.

Во манастирот „Св. Прохор Пчински“ претседателката Сиљановска Давкова беше пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, по што двајцата претседатели, во придружба на митрополитот врањски г. Пахомије, го разгледаа манастирскиот комплекс.

Претседателката Сиљановска Давкова и претседателот Вучиќ остварија билатерална средба на која беа потврдени традиционално пријателските односи меѓу двете земји.

Во изјава за медиумите претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за гостопримството, истакнувајќи го историското значење на манастирот „Св. Прохор Пчински“ и АСНОМ, и оцени дека билатералните односи меѓу двете држави се добрососедски во вистинска смисла на зборот, односи зад кои стои желба за солидарност, за помош и за трајна соработка.

„Благодарност за разбирањето, бидејќи навистина логично е да го славите денот онаму кадешто се случил. Такви денови има и Србија, споменици, и мислам дека истото треба и ние да продолжиме да го правиме. Можеби еден ден мислам дека е најдобро да го регулираме овој однос со потпишување на еден договор. Тогаш навистина ќе дадеме еден добар пример. Јас сум, како што знаете голем заговорник на регионалната соработка. Убедена сум дека ако не се разбираме едни со други и ако не си помагаме, не можеме да очекуваме да бидеме разбрани од останатите. Затоа, треба да сториме се да ги решаваме проблемите меѓу себе, да не дозволуваме на зелени маси да се решаваат, затоа што не случајно живееме едни крај други“, рече претседателката Сиљановска Давкова, која се заблагодари и за помошта од Србија во гаснењето на пожарите.

Во состав на државно-црковната делегација која ја предводеше претседателката Сиљановска Давкова на чествувањето во манастирот „Св. Прохор Пчински“ беа потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, заменик претседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, македонскиот амбасадор во Република Србија, Никола Тупанчески, претставниците од Сојузот на борци, Наум Буревски и Снежана Несторовска и Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример, членките на ЕУ треба да ја превенираат

Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни

А1он

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон

Катерина Ѓуровски

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ

А1он

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи

А1он

Муцунски и Сиљановска-Давкова во Дубаи се сретнаа со Македонци што живеат и работат во ОАЕ

А1он