Сиљановска-Давкова: Со поткопувањето на стабилноста на Западниот Балкан се загрозува и стабилноста на Европа во целина

Од:

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова се обратила на работниот ручек со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во земјава, по повод завршувањето на претседавањето на Полска со Советот на ЕУ.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, обраќања имале и полскиот амбасадор Мариуш Бримора и данската амбасадорка Перниле Деилер Кардел, чијашто држава го презеде претседателството на 1 јули.

-Упатувајќи честитки за сработеното во време на полското претседателство, кога светот се соочува со геополитички, безбедносни и економски предизвици, претседателката зборуваше за предизвиците на македонскиот интеграциски пат. Сиљановска-Давкова потсети на дведеценискиот македонски интеграциски пат од добивањето на кандидатскиот статус, неправедните политички пречки коишто го кочат напредокот и ја поткопуваат јавната доверба во процесот на проширување во ЕУ. Таа укажа на последните истражувања на јавното мислење во земјава коишто покажуваат зголемена недоверба во политиката на проширување, дури и кај младите луѓе, се наведува во соопштението.

Претседателката предупредила на „штетноста од билатерализацијата, посочувајќи дека ирационалните прашања поврзани со идентитетот или билатералните спорови не треба да ја попречуваат интеграцијата“.

-Нагласувајќи дека застојот носи далекусежни ризици и го прави нашиот регион ранлив, таа оцени дека со поткопувањето на стабилноста на Западниот Балкан се загрозува и стабилноста на Европа во целина. Европската интеграција, според претседателката, не е само политичко прашање, туку и геополитички и безбедносен императив. Сиљановска-Давкова го реафирмираше барањето да се движиме напред врз основа на заслуги, како и секоја друга земја кандидат, информира Кабинетот.

Охрабрувачки, според неа, е што данското претседателство препознава дека понатамошното проширување на ЕУ е геополитичка неопходност.

-Таа нагласи дека е добро што Данска планира да го води процесот на проширување преку континуиран политички дијалог и во согласност со Копенхагенските критериуми и пристап базиран на заслуги, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова положи цвеќе на вечните почивалишта на Глигоров, Трајковски и Кљусев

Горан Наумовски

Орден „8 Септември“ за Плевнеш, Сиљан, Гега, Јовановски и Чемерски

Горан Наумовски

35 години независност: На Македонија повторно ѝ се потребни обединување и политички консензус

A1on

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Сиљановска-Давкова: Народниот правобранител не е надлежен за министрите, потребно е непартиско толкување на законите

Сиљановска – Давкова: Државата треба да ги штити граѓаните, а не граѓаните да чувствуваат дека треба да се штитат од државата