Сиљановска Давкова: Секој ден слушаме за нов бизнис на фамилијата, а економијата на дното во регионот

Од:

Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова пред граѓаните во Свети Николе порача дека се чуствува посилна во борбата за да правдата и правдината завладеат во Република Македонија, и да се стави крај на заевизмот.

-Изворот на мојата енергија е длабоката верба дека кога верувате во право и правда во Македонија и за Македонија, на правата страна сте. Затоа и ние правниците велиме зборуваме за правен лек, правните лекови ја прават лошата политика подобра. Ама лошата политика не може да го згази правото. Лошата политика треба да се санкционира. Власта нон стоп зборува за политика, а ние нон стоп ги предупредуваме на правото, ама правото е пред политиката. Оти ако политиката не е ограничена со правото, ако не е под правото, ако не е врамена во правото таа ќе доведе до дискрециони овластувања. Ќе доведе до постапувања што не водат сметка за човековите слободи и права, појасни Сиљановска Давкова.
Сиљановска Давкова истакна дека нема потреба да објаснува бидејќи овие две ипол години народот се изнагледа на неограничена политика, незауздана политика, а последиците се видливи и познати.

Денешните истражувања и анкети покажуваат дека граѓаните во Република Македонија на прво место во својот живот ја ставаат економијата и економскиот развој, а него го нема. Се фалат дека сјајни биле, дека сите ги сакале, дека дури и Нобелова награда за мир ќе им доделеле. Ама народот не мисли така. Се повеќе млади си заминуваат повеќе од 78% од најумните, од најспособните, од најпотребните за Македонија заминуваат во еден правец, нагласи Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова посочи дека токму оваа младина на Македонија е потребна, но изгледа по постапките на власта оваа младина не и е поребна, кога дозволи да си заминат во еден правец.

Секој ден слушаме како фамилијата добила уште еден бизнис, секој ден дознаваме за некој нов скандал. А, економијата на дното сме во регионот. Странците нашиот економски амбиент го оценуваат со нула. Ама економскиот амбиент не постои сам за себе, не може да постои во џунгла, економски амбиент вирае во правна држава во која има извесност за капиталот. А, капиталот за да остане овде бара гаранции правни, бара квалификувана работна сила, а таа сила си заминува. Бара правила на играта, бара добро образование, а него го нема. Бидејќи ним не им треба добро образование. Ним им треба фабрики за дипломи, зошто само таквите ги вработуваат во администрацијата, рече Сиљановска Давкова.
Сиљановска Давкова поосочи дека без владеење на право и правда, битка со криминал и корупција, битка со непотизам, подобрен здравствен систем, квалитетно образование тешко ќе добиеме датум за преговори за ЕУ.

Дојде времето да си помогнеме едни на други, а тоа е на 21 април. Мислам дека е важно она што им го негиравме за време на референдумот, не давајќи им никаков легитимитет, сега да го потврдиме изборно. Бидејќи изборите даваат и изборите одземаат легитимитет. Изборите велат мојот суверенитет нема да ви го пренесам бидејќи не го заслуживте, го негиравте. Оти ние рековме НЕ, а тие сами си рекоа ДА. И не само ДА туку едно чудо закони прекршија. Го прекршија Уставот и сега глумат дека се Европјани, појасни Сиљановска Давкова.

Сиљановска Давкова додаде дека оваа власт е далеку од Европа. Меѓутоа само народот може да ги потсети со гласот против нив, а со гласот за нас.

Се што посакав од животот добив од Македонија, се што посакував значи добив со помош на мојот народ. Е сега решив да му вратам. Мислам дека знам како, мислам дека знам со кого и мислам дека вреди да се направи таква жртва, потенцира Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Силјановска Давкова: Мора да имаме уставен патриотизам, да ги почитуваме основните одредби на Уставот

Димитриеска Кочоска: Навредите кон Силјановска Давкова ја потврдија паниката и стравот од пораз кој владее кај Пендаровски и СДС

Горан Наумовски

Силјановска – Давкова: Легитимитетот на претседателот треба да извира од граѓаните

Стојаноска: Да ја избереме Силјановска Давкова за претседател, за да покаже дека е возможно да се направи дистанца помеѓу државата и партијата, за разлика од Пендаровски

Предраг Петровиќ

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Антикорупциска го усвои приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила