Сиљановска Давкова: Папата Франциск ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност

Од:

Претседателката Гордан Сиљановска Давкова, по смртта на папата Франциск на својата Фејсбук страница напиша дека по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го памети по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност.

-Како народен папа, му го честиташе на христијанското семејство Христовото воскресение и утринава мирно си замина во вечноста. Јас пак, по четириесетината минути незаборавен разговор, ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност, порача Сиљановска Давкова.

Минатата година претседателката Сиљановска Давкова, за време на неколкудневната посета на Рим и Ватикан, по повод одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, одржа средба со папата Франциск. На средбата, меѓу другото, се усогласиле околу поддршката на Ватикан на патот кон Европската унија, како и за тоа дека сме пример за религиозен дијалог.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател Бака

А1он

Сиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Време е да се однесуваме кон државата како кон заеднички дом

Катерина Ѓуровски

Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус, прашува Мрежата за заштита од дискриминација

Катерина Ѓуровски

Средба на Сиљановска-Давкова со Урсула фон дер Лaјен

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски