Силјановска-Давкова: Ме боли што другите држави повеќе не ценат отколку ние самите

Од:

Професорката Гордана Силјановска-Давкова и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе влезе во трка за претседател и повторно ќе ги одмерува силите со актуелниот шеф на државата, Стево Пендаровски.

Гордана Силјановска-Давкова рече дека за една професорка по демократија, ова е драгоцено искуство за неа. Се кандидира од објективни и субјкетивни причини. Тешко носи одлуки, но потоа стои зад нив.

„Да се кандидирам ме инспирираше состојбата во која се наоѓаме, мене многу ме боли што другите држави повеќе не ценат од ние самите. Во агонија се самите граѓани, и време е за женска димензија во политиката, време е за консенсуз. Она што мене сиве овие четири години ме инспирира е дека ако не се почитуваме себеси, не може да очекуваме почит од никого“, рече Силјановска-Давкова.

Како што додаде, во земјава воочила дека тоа што го предава, не функционира.

„Јас нема да се однесувам како републикански монарх, ветувам дека моите кандидати ке бидат најдобрите во судскиот совет и не треба да се зачудите ако ме видите на протест со маргинализирани групи. Треба во Македонија навистина да дојде времето на жените, ќе ги почитувам различностите, видовме кога на клучни функции има жени тогаш се можни промени. Без владеење на правото, без радикални промени нема да исчекориме напред. Крајно време е да почнеме да спроведуваме механизми на граѓанска држава“, додаде Силјановска-Давкова.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Кредибилен партнер сме на НАТО, да се надмине лавиринтот на патот кон ЕУ

А1он

Сиљановска-Давкова: Мирот и демократијата се темел на силна Европа и силно НАТО

Горан Наумовски

Проф. Наде Проева, посхумно одликувана со Орден „8 Септември“

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно со Орден „8 Септември“ ќе ја одликува Наде Проева

Сиљановска-Давкова: Преку статусот и работата на Врховниот суд се цени состојбата во целокупното судство

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на фестивалот „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност

А1он