Сиљановска-Давкова ги посети повредените од пожарот во Кочани кои се лекуваат во Софија

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Софија ги посети повредените од пожарот во Кочани, кои се лекуваат во болницата „Пирогов”.

Во Бугарија вкупно се наоѓаат 14 пациенти, од кои девет се во болницата „Пирогов“, сите се екстубирани и оперирани, кај некои е извршена трансплантација на кожа. Една пациентка се лекува амбулантски со преврски.

Кај пациентите имаат психолошка поддршка и кај сите се продолжува со третман на изгорениците.

Тројца се хоспитализирани во Военомедицинскиот центар во Варна во добра општа состојба и во болницата „Св Ѓорѓи“ во Пловдив е хоспитализиран еден пациент.

Сиљановска-Давкова денеска и утре престојува во работна посета на Бугарија, каде што ќе учествува на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија.

Како што јави известувачот на МИА од Софија, посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

Македонската претседателка ќе говори на првата сесија од состанокот насловена „Идентификување и разбирање на заканите“.

За време на посетата, предвидени се и билатерални средби на претседателката Сиљановска-Давкова со шефот на бугарската држава Румен Радев и со кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2026 година

А1он

Сиљановска-Давкова: Дијалогот со ЕУ мора да биде суштински – македонската држава очекува еднаков третман со другите земји кандидатки

А1он

Сиљановска-Давкова ѝ честита на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците

Братот на престседателката на Кривичен суд меѓу новообвинетите за „Пулс“

Сиљановска-Давкова во Будимпешта на средба со унгарскиот претседател Бака

А1он

Заврши сослушувањето на вештакот Русески за „Пулс“, остана на ставот дека немало реконструкција на објектот