Сиљановска Давкова: Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

-Идејата-водилка на основачите на Македонската револуционерна организација, коишто пред 131 година визионерски зачекорија по трнливиот пат кон политичка автономија, еволуираше и се доградуваше низ годините. Резултатот е самостојна македонска држава исправена пред нови предизвици, истакнува Сиљановска Давкова.

Прославувајќи го Денот на македонската револуционерна борба, како што вели претседателката, да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои и на нивните идеали, убедувања и жртви.

-Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти, наместо со оружје, како некогаш. Затоа, да се грижиме за татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме! Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава. Да им ја оставиме на потомците, како што нам ни ја оставија, македонските револуционери, посочува претседателката Сиљановска Давкова.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Јас немам надлежност по Уставот да ги сменам членовите на Судскиот совет

Сиљановска-Давкова: Партиите да се воздржат од коментари, Уставниот суд да работи согласно Уставот и Деловникот

Сиљановска Давкова за инцидентите со знамето: Повикот за разум, толеранција и дијалог е клучен во вакви моменти

Комплетиран новиот состав на Комисијата за помилување

Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Сиљановска Давкова: Извештајот на ЕУ претставува објективна слика, потсетник и патоказ за реформските приоритети