Сиљановска-Давкова: Да ја направиме македонската држава пристојно, праведно и достоинствено место за живеење

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до сите верници од православна вероисповед по повод државниот празник Свети Климент Охридски.

Во честитката претседателката вели дека пред нас е голема задача одново да ги научиме доблестите коишто ја одржуваат заедницата.

– Како и во Климентово време и нам ни е потребна заедничка, повисока цел, околу која ќе градиме односи и ќе премостуваме разлики. Преку владеење на правото и борба против корупцијата, преку социјална правда и заемна грижа да го обновиме општествениот договор на слободни граѓани, еднакви пред законот и сплотени околу општото добро. Нека пораката на Свети Климент, за смирение, милост, знаење и заедништво, биде наш водич и наша инспирација да ја направиме македонската држава пристојно, праведно и достоинствено место за живеење, вели Сиљановска-Давкова.

Посочува дека споменот за охридскиот светител е врежан не само во македонската, туку и во колективната меморија на целото словенство.

– Како што неговиот лик ги краси нашите храмови, така неговото име го носат многу наши образовни, научни и културни установи. Најголемото наследство на Св. Климент се писменоста и вредностите што им овозможиле на луѓето да ги разберат книгите, a со тоа да се разберат и себеси, да научат дека не се одговорни само за сопствените животи, туку и за животот на заедницата. Под негово водство, нашите краишта, од политичка периферија прераснале во образовен, просветен и културен центар со древниот Охрид како духовна престолнина. Охридската книжевна школа и духовното и уметничко богатство оставиле печат врз европската цивилизација, надживувајќи империи, системи и идеологии заради трајна вредност и човечка универзалност,се наведува во честитката од претседателката на државата.

Би можело да ве интересира

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Сиљановска-Давкова положи цвеќе на вечните почивалишта на Глигоров, Трајковски и Кљусев

Горан Наумовски

Орден „8 Септември“ за Плевнеш, Сиљан, Гега, Јовановски и Чемерски

Горан Наумовски

35 години независност: На Македонија повторно ѝ се потребни обединување и политички консензус

A1on

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Сиљановска-Давкова: Народниот правобранител не е надлежен за министрите, потребно е непартиско толкување на законите