Си го убил братот и го закопал во дворот од семејната куќа, притворен жител на Гиновце

Од:

40-годишен жител на краивопаланечкото село Гиновцe бил приведен вчера откако полицијата добила пријава дека тој пред неколку недели, по претходна расправија, го усмртил неговиот брат С.Џ.(29) од истото село и го закопал во дворот од семејната куќа.

Полициски службеници од Полициско одделение Ранковце излегле на местото, а Ф.А. бил приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го признал делото. Од страна на Јавен обвинител, полициска екипа, претставници од Институт за судска медицина и од Центарот за социјални работи извршен е увид, телото е пронајдено и по насока на обвинител предадено за обдукција.

По целосно расчистување на случајот против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава, а од страна на Судија на претходна постапка определена е мерка притвор во времетраење од 30 дена и ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање.

Би можело да ве интересира

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука