Шврговски заминува од функцијата државен јавен обвинител

Од:

Љупчо Шврговски, кој шест години е државен јавен обвинител, нема да се пријави за уште еден шестгодишен мандат на оваа функција, објави Плусинфо.

Тој решил да замине во адвоокати, а додека да отвори адвокатска канцеларија не е исклучено да се врати на работа во стариот ресор, во скопското Јавно обвинителство, каде до 2006 година беше заменик обвинител.

Мандатот на Шврговски завршува на 24 јануари. За државен обвинител можат да се кандидираат сите обвинители, а потоа Владата прави избор кој треба да го одобри Собранието.

Иако, неофицијално, за државен јавен обвинител има три-четворица претенденти, како најсериозен кандидат се смета Марко Зврлевски, актуелен скопски јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

Почина обвинителот Џемал Лога од Струга

А1он

Нов потрес во Украина: НАБУ ја претресува канцеларијата на генералниот обвинител Кравченко

Горан Наумовски

Избор на нов обвинител на ОЈО Скопје: Бубевски повторно во трка

Горан Наумовски

Сараево: Полицијата претресуваше канцеларија на обвинител кој е под сомнение дека им открива тајни на криминалци

Гостиварец му се заканувал на судија, насилникот заработи обвинение