А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Шундовски: Наша првична цел е пласман во осминафиналето на СП

by А1он03/01/2013 - 13:23143
Share0

Наша прва цел е да победиме на првите два натпревара против Чиле и Катар и да се пласираме во осминафиналната фаза на Светското првенство, а потоа во зависност од освоеното место во групата ќе се правата следните калкулации. Но, иако сме поквалитетни од овие два противника, не смееме ни да помислиме дека тоа ќе бидат лесни натпревари и затоа треба да влеземе максимално борбено и да одиграме како што посакуваме за да ја постигнеме целта, истакна селекторот на македонската ракометна репрезентација Ѕвонко Шундовски, по завршувањето на еден од последните тренинзи пред настапот на Мундијалот во Шпанија.

Добивај вести на вибер

Тој искажа задоволство од подготовките во Пореч и покажаната желба на играчите да се докажат и да ја оправдаат неговата доверба, но сепак нагласи дека сеуште не одлучил кои 17 ќе патуваат на Светското првенство.

Шундовски како неминовно го оцени подмладувањето на репрезентацијата.

– Не очекувам дека вклучувањето на неколку помлади репрезентативци на сметка на повозрасните и поискусни ракометари кои не добија повик за шампионатот, ќе има негативни последици врз резултатите. Напротив, спојот на искуството и младоста може да биде дополнителен мотив за постигнување на подобри резултати, рече македонскиот селектор.

Македонија во рамките на подготовките за настапот на СП, утре во Ниш ќе одигра пријателски натпревар со Египет, а в сабота исто така во Ниш ќе има контролка со домаќинот Србија.

За Шпанија македонските ракометари патуваат на 11 јануари, а првиот дуел го играат на 12 јануари против Чиле во Севиља. Покрај Чиле во групата Б со Македонија се и Катар, Русија, Исланд и Данска.

Првите четири репрезентации продолжуваат во осминафиналната фаза.

rakomet

Би можело да ве интересира

Вардар го промовираше Јака Малус

Горан Наумовски04/05/2025 - 18:58

Дербито помеѓу Алкалоид и Вардар заврши без победник

Горан Наумовски04/05/2025 - 09:03

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он20/02/2025 - 20:1520/02/2025 - 20:20

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ19/01/2025 - 10:1819/01/2025 - 11:07

Пред болница во Белград нападнат е познатиот ракометар Веселин Вуковиќ

Горан Наумовски17/03/2023 - 16:2917/03/2023 - 17:20

Функционерите кои гледаа ракомет во сала казнети по 500 евра за групирање

Кристијан Ландов17/03/2021 - 16:1717/03/2021 - 21:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен