Шукова: Оние кои четири години го блокираа БРТ, сега го нудат како решение, тоа е лицемерие

Од:

Во текот на изминатите недели, во мојата програма за Град Скопје јавно и транспарентно ги претставив проектите и визијата што го враќаат нашиот град на патот на вистинскиот урбан развој. Еден од клучните проекти е враќањето и модернизацијата на БРТ системот брз, ефикасен и одржлив јавен превоз, којшто Скопје одамна го заслужува, изјави Каја Шукова, кандидат на СДСМ за градоначалничка на Град Скопје.

„Синоќа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го најави токму истиот проект како дел од програмата на мојот политички противкандидат Орце Ѓорѓиевски. Оние што четири години го блокираа БРТ денес го нудат како свое решение. Тоа не е визија. Тоа е лицемерие. И додека тие се обидуваат да рециклираат идеи кои до вчера ги саботираа, скопјани добро знаат кому можат да му веруваат. Јас стојам зад секој проект што сме го понудиле со анализа, рокови и план за реализација. Добро е што конечно ВМРО-ДПМНЕ разбираат дека Скопје има потреба од реални решенија. Но граѓаните нема да заборават кој ги кочеше проектите. Идеите може да се копираат, но капацитетот, кредибилитетот и чесноста не се копираат. Скопје не смее да стане заложник на предизборни пресвртни лаги. Скопје заслужува лидер со визија, а не маркетиншки кампањи без покритие, вели Шукова.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда