Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Од:

Кандидатката за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, денеска пред Младинскиот културен центар се сретна со претставници од културната сцена, со кои разговараше за тоа што му е потребно на главниот град за да заживее како вистински град на културата.

„Културата не треба да биде привилегија. Културата треба да биде право за секој граѓанин на Скопје“, истакна Шукова, нагласувајќи дека најголемиот дел од културните настани денес се концентрирани во центарот на градот и дека мора да се обезбеди нивна децентрализација.

„Треба да понудиме културни содржини во сите овие јавни отворени простори… со мобилни сцени, со подвижни платоа и разни други мобилни технички средства можат многу лесно да станат културни центри“, рече Шукова, посочувајќи дека Скопје има огромен потенцијал за културни настани на отворено.

Таа се заложи за воведување културни ваучери за младите и пензионерите: „Сметам дека тоа може да се спроведе и сега, културни настани во градот да бидат достапни за младите и возрасните.

Шукова се осврна и на значењето на МКЦ: „Младинскиот културен центар мора да се врати на своите славни патеки, кога тука просто бруеше и младинската култура и новите креативни идеи. Јас би рекла Младинскиот културен центар да биде симбол на младите и на културата во Скопје“, заклучи Шукова, испраќајќи силна порака за обновување на градот преку културата, инспирирана од стихот: „Градот убав пак ќе никне. Скопје – радост ќе бидеш.“

СДСМ стои зад визијата на Шукова за културно Скопје, отворено за сите граѓани, со живи јавни простори, пристапна култура и обновен МКЦ – како симбол на иднината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО