А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Штрковите ќе бидат заштитен знак на Стојаково

by А1он05/08/2018 - 11:41308
Share0

Месната заедница од село Стојаково, општина Богданци, заедно со Македонското еколошко друштво, неодамна со помош на дрон направи снимање на сите гнезда со цел да се изврши првото броење на штрковите во ова населено место кое се смета меѓу местата со најголем број штркови во Македонија.

Добивај вести на вибер

– Снимањето и броењето на штрковите до некаде ја потврдија нашата констатација. Во селото има 37 гнезда, речиси на сите бандери по едно, во кои избројавме 74 стари штркови и 134 млади или вкупно 208 штркови. Оваа бројка го става нашето село меѓу местата со најмногу штркови во земјава, поради што веројатно ќе покренеме иницијатива овие птици да бидат заштитен знак на Стојаково, рече Роберт Иванџиков од месната заедница.

За овие преселни птици се вели дека своите гнезда ги прават само во еколошки чисти средини. Ако ги има во вашата близина, тоа значи дека живеете во чиста и здрава околина. Младите штркови деновиве ги привршуваат подготовките за миграција во Африка. Проверено е дека нивното заминување од нашите краишта се случува по празникот Макавеј, на 14 август.

stojakovo

Би можело да ве интересира

Мртов маж пронајден во куќа во Стојаково

Горан Наумовски31/03/2025 - 13:4231/03/2025 - 14:09

Во сообраќајка кај Стојаково тешко е повредено 18-годишно момче

Горан Наумовски04/11/2024 - 11:54

Локализиран пожарот што изби попладнево меѓу селата Богородица и Стојаково

Наум Локоски17/10/2018 - 19:11

Богородица, Стојаково и Селемлија претпладнево без вода

Ана Ололовска25/03/2014 - 08:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен