Штрајкуваат обвинителите – бараат зголемување на платите за 78 отсто

Од:

Од денеска на штрајк и вработените во јавните обвинителства. Бараат зголемување на платите за 78 отсто и враќање на додатоците на плата во висина од 35 отсто.

За време на штрајкот кој ќе се одвива во сите 28 јавни обвинителства на територијата на државата и ќе трае се до исполнување на барањата обвинителите и вработените нема да работат, но ќе бидат на своите работни места. Ќе се извршуваат единствено итните и неодложни работи, односно согласно законските прописи штрајкувачите ќе работат предмети во кој има само притвор, претрес или неодложни жалби.

Според синдикатот штрајкот ќе се одвива во салите за состаноци, холовите и заедничките простории или пред зградите на обвинителствата.

Од УПОЗ велат дека штрајкот уредно го најавиле, а го информирале и министерот за правда, но тој не нашол време да ги прими до сега.

Претседателката на Синдикалната организација при јавните обвинителства кое е во склоп на УПОЗ вели дека обвинителствата се специфична служба, а платите мали.

„ Платите кај нас се во просек 22 илјади денари, а револтот се јави, и Владата сама си го предизвика овој штрајк бидејќи разликата во плата дојде еден наспроти шест со сите функционери. Ние разбираме дека Уставен суд го одлучи сето тоа и дека тоа е законски. Меѓутоа, во истиот ден да ги скратиш додатоците на плата, кои за организиран криминал изнесуваа 35 отсто, што на 22 илјади не е малку пари, а за сите други е само пет отсто и тие ги скратија во истиот ден и не оставија само на плата. Додатоците се тоа што не прават нас специфична служба, односно тоа е додаток за посебни услови за работа и се она што не одделува од другите служби и заради тоа се јави уште поголем револт. Сите работиме за кредити и поради тоа чашата е веќе прелиена и апелираме за поскора средба бидејќи ќе го радикализираме штрајкот и ќе бидат алармирани сите институции, амбасадори како оние на ЕУ, САД, Холандија за да ги кажеме нашите проблеми бидејќи мислам дека и тие не знаат со што ние се соочуваме“, вели таа

Би можело да ве интересира

Генерален штрајк во Грција, делумно суспендиран транспортот

Ќе ги зголемиме платите во судско-обвинителската служба, изјави Мицкоски

Горан Наумовски

Грчките државни службеници штрајкуваат 24 часа

Протестираат вработените во „Флораком“ и „Луна“, си ги бараат заостанатите плати

Штрајк на наставниците во Тел Авив, судот го ограничува времетраењето на прекинот на работата

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција