Штрајкот во образованието и во градинките заокружува две седмици

Од:

Штајкот на наставниците и професорите од основното и од средното образовнаие како и на вработените во градинките трае веќе две седмици и според најавите од СОНК нема да заврши се додека не биде постигнат догoвор со Владата кој ќе биде прифатлив за члeновите на синдикатот.

Лидерот на СОНК, Јаким Неделков, вчера на прес-конференција обвини дека се врши силен притисок врз штрајкувачите, коментирајќи дека заплашувањата за скратување на дневниците на наставниците и воспитувачите што штрајкуваат ги сметаат за обид за нивно спречување.

„Се врши силен притисок врз штрајкувачите. Некои од министрите во Владата ги заплашуваат вработените дека ќе им бидат скратени дневниците за деновите во штрајк. Освен законското право за исплата на плата во штрајк, постојат и членови во колективните договори, со кои се допрецизира исплаќањето дневници за време на штрајк, во кои се вели дека работодавецот е должен да исплати надомест на плата за време на штрајк доколку Синдикатот организирал штрајк поради кршење на правата на работниците. Затоа не треба да се заплашуваат вработените дека нема да им биде исплатена плата“, рече Неделков.

Од друга страна, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, порача дека тоа што на штрајкувачите ќе им се платат само надоместоци не е притисок, туку почитување на законите.

И Министерството за образование и наука (МОН), верува дека секој изгубен ден и час од образовниот процес е на директна штета на учениците. Од Министерството вчера ги повикуваа наставниците да почнат повторно да делуваат во најдобар интерес на децата и да се вратат на настава, а во меѓувреме да продолжат преговорите со СОНК. Од ресорното министерство уверуваат дека зголемување на платите во образованието ќе има.

СОНК и натаму бара покачување на платите за 18 отсто, а Владата понуди повисоки плати за 10 отсто порачувајќи дека во време на војна, економска и енергетска криза не може да обезбедат повеќе пари за оваа намена.

Од СОНК истакнаа дека нема да сносат никаква одговорност за тоа што е прекинат образовниот процес со оглед на тоа што за одлуката за штрајк и за барањата уредно ги известиле надлежните.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски