Штрајкот на судската администрација ќе се одложи, добиено ветување за зголемување на надоместоците

Од:

Штрајкот на судската администрација закажан за 3 мај времено ќе се одложи, бидејќи Синдикатот на УПОЗ добил ветување дека и вработените во судската администрација ќе добијат зголемување на надоместоците на плата до 35 проценти.

Претседателот на УПОЗ Пеце Грујовски на прес-конференција соопшти дека денеска биле информирани од страна на министерот за правда оти иницијативата за зголемување на надоместоците за судските службеници поминала на владина седница и оти се задолжени Министерството за финансии и Судскиот совет да обезбедат средства.

– Со ова и вработените во судовите ќе се изедначат со надоместоците на плата кои ги добија јавните обвинители, јавнообвинителските службеници и судиите, рече Грујовски.

Тој додаде дека предлогот за одложување на штрајкот за околу 10-тина дена утре ќе биде разгледан на седница на Извршниот одбор на кој ќе биде донесена конечна одлука.

– Доколку во овој рок од 10-тина дена не биде реализиран заклучокот на Владата, правото на Синдикатот останува да го реализира штрајкот зашто дополнително ќе го одредиме датумот, рече Грујовски, изразувајќи задоволство од соработката со министерот за правда за иницијативата за средба со синдикатот и за решавање на ова прашање.

Грујовски додаде дека незадоволството кај вработените во судската администрација било големо особено по одлуката да се зголемат надоместоците на судиите и јавните обвинители за 35 проценти.

Со зголемувањето на надоместоците до 35 проценти ќе бидат опфатени околу 2.300 лица.

Останатите барања на Синдикатот на УПОЗ за измена на спорните одредби од Законот за судска служба и за промена на работното време, како што посочи Грујовски, ќе останат да бидат разгледувани со новата Влада во првите 100 дена од нејзиниот мандат.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност

ВМРО-ДПМНЕ: Ако до Нова година нема чекори за борба против корупцијата за еклатантни примери на криминал ние ќе тргнеме во одлучна акција која ќе направи коренити промени во правосудството

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

После локалните избори, треба една сериозна робусна акција да се направи во судството и обвинителството, вели Мицкоски

Горан Наумовски