Што не му е јасно на Поповски?

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Поповски, кажа дека не му е јасно зошто новинарите вчера протестирале за ослободување на нивниот колега Томислав Кежаровски.

-Повеќето од нас не разбираат за што беше протестот, бидејќи знаеме, сите беа информирани дека лицето кое го споменавте е на слобода. Мислам дека би било погрешно да носиме заклучоци врз основа на еден случај за целокупната слика“, рече Попоски на заедничката прес конференција со неговиот автриски колега Себастијан Курц.

Манипулација пред гостинот од Австрија или незнаење дека Томислав Кежаровски е осуден на 2 години затвор за напишан текст?

Тоа што Кежаровски беше пуштен на 30 дена од затворот во Шутка, со наредба да се врати повторно во февруари можеби за министерот е слобода, но за сите нас не е.

За да стане појасно-новинарите вчера протестираа не само за ослободување на Томислав Кежаровски, туку за поништување на казната затвор која се смета за политички нарачана, со оглед дека во случајот “Ореше“ како што и призна самиот сведок, имаше само нарачан сведок,под присила. За тоа во демократски земји се добива награда за новинарство, а не затвор. Протестот беше и поради се поголемиот притисок врз медиумите, нивното поткупување, нарачаното новинарство, гушењето на слободата на медиумите.

На министерот состојбата може да му стане појасно ако ги прочита и барањата за итно ослободување на Кежаровски и осудата од Европската Федерација на новинарите и Светската Федерација на новинарите. Може да слушне и што и порача ОБСЕ на власта за Кежаровски и неговото затворање. Токму поради тоа што овие ставови ги нема во поголемиот дел на медиумите и се цензурирани, може работите ќе станат појасни зошто вчера протестираа новинарите.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски

МНР: Коридорот 8 е од стратешко значење, но важна е и подготвеност за соработка на Бугарија