Што ја разлути Владата во извештајот на Стандард и Пурс?

Од:

Кредитната агенција Стандард и Пурс го намали кредитниот рејтинг на македонија, и ова веднаш го запали црвеното светло кај Владата, која реагираше жестоко, како да се допишува и праќа реакции и контра реакции од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ до опозициската СДСМ.

Владата, иако претходно, на свое конто ги книжеше извештаите, кога напредувавме според Стандард и Пурс, за сега да се сомнева во релевантноста на анализата и да забележува дека агенцијата се меша во внатрешни работи.
Еве што толку ги разбранува духовите во Владата.

Извештај на Стандард и Пурс (преземено од Фактор):

Според наше мислење, политичките институции во Македонија имаат неадекватни контролни механизми, додека заостанатите плаќања на Владата претставуваат предизвик за резултатите од фискалната политика – смета Агенцијата. Како резултат на тоа долгорочниот кредитен рејтнинг го намаливме на Македонија го намаливме од “ББ “на “ББ-“. Изгледот останува солиден.
Намалувањето на кредитниот рејтниг, е всушност одраз на нивното гледиште дека економскиот раст на Македонија е се понепредвидлив и последиците од фискалната политика се должат на следните работи

• Регионални економски пристисоци
• Проблемите на мајките-компании на домашните банки
• Потешкотии во управувањето со државниот долг
• Последните зголемувања на капитални расходи за непродуктивни цели

Како резултат на ваквата состојба во земјата, очекуваме дека просечната годишна стапка на раст на македонскиот БДП во текот од 2013 до 2015 година ќе биде до 2 отсто, односно помалку од половина од просечниот раст во периодот од 2008 до 2009 година, во екот на финансиската криза. Со вакава стапка дури е неверојатно да се генерираат нови работни места, за да се намали стапката на невработеност од 31 отсто која неодмна Македонија ја објави. Тоа од друга страна отвора нови прашања во однос на одржливоста на сегашниот сет на политики.

standard-purs

Во периодот помеѓу септември 2012 и февруари 2013 година Владата се задолжи на надворешниот пазар делумно за да ги отплати акумулираните долгови кон приватниот сектор по основ на договори, како и за враќање на ДДВ-то. Сметаме дека постои ризик за намалување на буџетските приходи и појава на дефицит во текот на 2013 година, а тоа пак кон крајот на гоидната ќе придонесе натамошно акумулирање на долгови кон стопанството, особено ако има пречекорувања кај расходитње.

Очекуваме државниот јавен долг од сегашните 34 отсто, да се зголеми до 37 отсто од БДП до крајот на 2016 година.

Оценка на општата состојба во земјата

Македонија е земја кандидат на Европската Унија од 2005 година. Во напредокот за влез во Унијата ја кочи нерешниот спор за уставното име со Грција. Во декември 2012 година членови на опозициските партии беа исфрлени од Парламентот после дебатата за зголемените владини заеми. Тогаш Европската Комисија побара формирање на Анкетна комисија која ќе изготви извештај за овој конфлик. Сметаме дека ова дополнително ги комплицира можностите за влез на земјата во ЕУ.

Банкарскиот систем е е добро капитализиран

Македонскиот банкарски систем во голема мера се финансира од домашните депозити и изгледа добро капитализиран. Две од трите банки за кои ние сметаме дека се важни за целокупниот банкарски систем во земјата, имаа слаби странски матични компании, и како нивни подружници се изложени на проблемите на матичните компании. Така матична компанија на АД Стопанска банка е Нова Национална банка која е со седиште во Грција. Нова Љубљанска банка е матична компанија на НЛБ Тутунска банка.

Растот на кредитите во Македонија во 2012 година се намали на 5 отсто, наспроти 31 отсто во перидот од 2005 до 2008 година, што пак има влијание врз зголемувањето на растот на БДП. Македонската регулаторна и супервизорска рамка има соодветни политики за соочување со ризиците по ликвидноста поврзани со можно повлекување средства од страна на матичните банки во странство. “Стабилниот изглед” претставува баланс на нашето гледиште за структуралната и монетарна нефлексибилност и ранливост кон надворешни шокови, наспроти релативно ниската надворешна и буџетска задолженост.

Ние би можеле повторно да го зголемиме рејтингот на земјата ако реформите за повисок раст се проследени со зголемување на ефективноста и поголемиот отчет на јавните институции . Од друга страна би можеле и и да го намалиме рејтингот, ако намалувањето на економскиот раст, е проследено со зголемување на државните капитални расходи за непродуктивни цели, што пак ќе доведе до зголемување на јавниот и приватниот долг.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата